Последни написи

Марш за 8 Март: Сиромаштијата има женско лице

Платформата за родова еднаквост оддржа „Марш за 8 Март: Сиромаштијата има женско лице“. „Овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена од системот, а продлабочена како резултат на двегодишната пандемија со ковид-19 и нејзините последици… Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема напредок. Општество во кое жените се невработени и преработени, незаштитени, виктимизирани, објективизирани и лишени од своите права, е сиромашно општество“, пишуваше во повикот за маршот.

На маршот се бараше „Стоп за дискриминацијата на жените“ и социјална правда.

YouTube player

„8 Март не е ден на мајките. 8 Март не е ден само на оние жени кои ја испишале својата животна бајка на темелите на среќни семејства. Денес е ден на самохраните мајки, на слободните жени, на оние кои ги нарекувате стари моми, на вдовиците, на лезбејките. Оние жени кои ќе ви го покажат вистинското лице на митот за „жените кои се реализирале успешно и на приватен и на професионален план“. Оние самохрани мајки кои со денови молат низ фејсбук групи за врски за да ги запишат своите деца во градинка како би можеле да почнат да си бараат вработување. Оние кои ги гледате или со сожалување небаре се фалични, или со гадење небаре се чудовишта. Оние кои ги натоваривте со срам и себепрезир. Слушнете ги, барем денес, нив наместо успешните челични дами. Барем денес.“, напиша активистката Ирена Цветковиќ во нејзиниот текст „За неуспешните жени“.

Latest Posts

Не пропуштај