Тирана и Вилнус ќе ги преименуваат улиците на кои се наоѓаат руските амбасади, објавија градоначалниците на главните градови на Албанија и Литванија.
Тирана ќе именува дел од улицата во редот на амбасадите „Слободна Украина“. Случајно, во тој на улицата се амбасадите на Украина, Русија, Србија и Косово, објави градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
„Војната на Србија против Косово и руската војна против Украина ја дефинираа нашата генерација. Оваа улица ќе го дефинира нашиот град“, напиша Велиај на Твитер.
И Вилнус, главниот град на Литванија, го менува името на улицата на која се наоѓа руската амбасада, во улица „Херои на Украина“.
„Отсега натаму, визит-картата на секој вработен во руската амбасада ќе мора да им оддаде почит на украинските херои“, рече градоначалникот на Вилнус, Ремигијус Шимашиус, при објавувањето на оваа одлука.