More

    СЗО: Болници, пациенти и здравствени работници се жртви на напади во Украина

    Првиот човек на Светската здравствена организација соопшти на Твитер дека СЗО потврдила повеќе напади на здравствени установи во Украина, кои предизвикале повеќекратни смртни случаи и повреди. Според СЗО, нападите на здравствени установи и работници се кршење на медицинската неутралност и се повреди на меѓународното хуманитарно право.

    Според извештајот што го објави СЗО вчера, од 24 февруари до 2 март 2022 се регистрирани 802 цивилни жртви во Украина, од кои 249 смртни случаи.

    СЗО за тој период регистрира 18 милиони засегната популација од конфликтот, 1.2 милиони бегалци и 160 илјади внатрешно раселени лица.

    Но, најновите медиумски извештаи, кои се повикуваат на ООН, сооопштуваат над 1.5 милиони бегалци во брзо растечката хуманитарна криза во Украина.

    Exit mobile version