Последни написи

Дали по Украина следна мета на Путин е Молдавија?

“Ако ја земат Одеса, јасно е дека после ќе дојдат овде”, ја пренесува Њујорк Тајмс изјавата на еден локален политичар во написот “На границата на Украина: Каде ќе запре Путин?

Прашањето дали следна мета на воената агресија на Путин е Молдавија, се актуелизираше откако претседателот на Белорусија Лукашенко обелодени мапа на воени дејствија на која имаше стрелки за напад кон Молдавија.

YouTube player

Во рамките на територијата на Молдавија, постои таканаречената “Молдавска Република Приднестровие” или Транснистрија, која побара меѓународно признавање како реакција на најавите на Молдавија дека ќе се присоединува кон ЕУ.

Молдавија неодамна одбележа 30-годишнина од поразот од воениот конфликт во 1992, кој заврши со потпишување на примирје од страна на тогашниот руски претседател Борис Јелцин, што овозможи руско воено присуство во Транснистрија (Приднестровие).

Прашањето дали Молдавија е следна мета на империјалните амбиции на Путин станува актуелно, бидејќи окупирањето на Молдавија би и овозможило на Русија целосна контрола на северниот брег на Црното Море.

Latest Posts

Не пропуштај