More

    Џабир Дерала: Преземете акција за да ја запрете војната!

    Џабир Дерала, во својата колумна „Не кажувајте „стоп“. Преземете акција за да ја запрете војната!“, повикува на акција „Пред Лудиот да го претвори светот во жив пекол“:

    „Светот гледа додека Путин води тотална војна против Украина и спроведува геноцид. Се чини дека сè во меѓународната политика е подготвено да го види падот на една нација и неискажливото човечко страдање и крвопролевање. Во секој час од денот се објавуваат силни изјави и говори, уште посилни твитови.

    Со изненадувачка брзина, Европа се придвижи кон блокирање банкарски сметки, укинување на бизниси и забрана на воздушниот простор за руските авиони. Таа, исто така, брзо се придвижи кон отворање на границите за поплавата од украински бегалци, кои бегаат за да си ги спасат животите (можеме да додадеме, политиката на отвореност и поддршка кон бегалците никогаш не беше видена како одговор на сириската криза). Но, ова не е доволно. Далеку од тоа.

    Светот кој себеси се нарекува „слободен“ треба да се разбуди и да го сопре претстојниот геноцид врз Украинците. Не е доволно да се мавта со прстот, велејќи дека Путин ќе сноси последици. Зашто, на крајот најмногу последици ќе сносат руските граѓани. Како што видовме, Путин е длабоко посветен на јакнење на својата моќ и на својот застрашувачки тоталитарен режим. Како што знаеме, тој ќе се вкопа уште подлабоко, во потрага по поранешната слава на царска Русија. Неговите олигарси ќе изгубат неколку милијарди долари, но нивната огромна моќ да ги контролираат парите и луѓето ќе остане недопрена.

    Сите мерки преземени од западните администрации досега се чини дека влијаат на Русите, кои самите долго време беа и се жртви на постојани дезинформации, манипулации и неописливо кршење на човековите права. Тие не се и никогаш не треба да бидат таргет. Стотици илјади, всушност, ги ризикуваа своите животи за да излезат на улиците за да му кажат не на својот тиранин – диктатор. Токму на овие храбри Руси – нашите другари во борбата против тиранијата која има глобален карактер – им е најпотребна нашата поддршка, за конечно да го урнат милитантниот тиранин во Кремљ.“

    Повеќе тука.

    Exit mobile version