Последни написи

Путин не ја нападна само Украина: Седум дена кои го потресоа светот

Еден диктатор со десетина послушници и стотици генерали кукавички нападна суверена држава, гранатирајќи милиони цивили. За седум дена, илјадници жртви и десетици илјади повредени. Стотици илјади истрауматизирани деца и војници. Над милион бегалци и десетици милиони нападнати Украинци, преплашени за својот живот и својата иднина.

Стотици милиони луѓе директно загрозени од војната во Европа. Една милијарда луѓе што живеат во Европа и Русија под воена психоза. Речиси осум милијарди жители на планетата Земја – жртви на налудничави закани со нуклеарно уништување од страна на Путин и неговите пропагандисти.

Путин не ја нападна само Украина. Жртви на заканите на Путин за нуклеарно уништување се сите граѓани на нормалниот свет. Жртви се и храбрите Руси кои Путин веднаш ги апси затоа што мирно протестираат против руската агресија и окупација на Украина. Жртви се и младите Руси на кои диктаторот Путин им ја уништи економската иднина.

Кој сака да живее како жртва на психопат кој се заканува со нуклеарно уништување на светот? Кој сака да биде зрачен од психопатска пропаганда која отворено прашува: „Зошто ни е светот, ако во него ја нема Русија?

Жарко Трајаноски

Latest Posts

Не пропуштај