Последни написи

ЕУ: Нема да им дозволиме на апологетите на Кремљ да ја оправдуваат војната на Путин

„Сведоци сме на масивна пропаганда и дезинформации за овој безобразен напад на една слободна и независна земја“, напиша во својот твит претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Урсула фон дер Лајен истакна дека ЕУ нема да им дозволи на апологетите на Кремљ да ја оправдуваат војната на Путин со „токсични лаги“ и да сејат поделби во ЕУ.

Во соопштението на ЕУ, се информира дека ЕУ усвоила санкции кон медиумите на Кремљ што шират дезинформации и манипулираат со информации и претставуваат закана за јавниот ред и безбедноста на ЕУ.

ЕУ ги санкционираше „Русија денес“ и „Спутник“ како инструменти за поддршка на руската агресија во Украина.

Latest Posts

Не пропуштај