Последни написи

Зеленски: Западот да размисли за зона на забранети летови за руските авиони  

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека е време Западот да размисли за воведување зона на забранети летови за руски ракети, авиони и хеликоптери како одговор на руското гранатирање на украинскиот град Харков.

Зеленски во видео-обраќање истакна дека во изминатите пет дена, од почетокот на инвазијата врз Украина на 24 февруари, Русија извршила 56 ракетни напади и истрелала 113 крстосувачки ракети. Тој ја обвини Русија за воени злосторства и смета дека треба да биде изведена пред меѓународен трибунал.

Зеленски посочи и дека Русија продолжила да ги бомбардира украинските градови за време на денешната прва рунда разговори со украинските претставници во Белорусија.

„Верувам дека Русија се обидува да изврши притисок на овој несуптилен начин. Не губете време. Ние не прифаќаме такви тактики. Може да се случат фер преговори кога едната страна нема да ја гаѓа другата страна со ракетна артилерија во тек на преговорите“, порача претседателот на Украина.

Latest Posts

Не пропуштај