Последни написи

Првиот видео коментар за „Ноќни волци“ и Путин со над 100 илјади прегледи!

Првиот видео коментар на „Слободна Македонија“, за „Ноќни волци“ и Путин надмина 100 илјади прегледи за неколку дена!

По објавувањето на видео коментарот, Ленин Јовановски одговари на прашањето дали и македонските „Ноќни Волци“ ја поддржуваат одлуката на Путин:

„Ноќни Волци Македонија според нашиот кодекс не е политичка организација. Ние како мото клуб ја почитуваме слободата на луѓето и нивното правото на самоопределување, како и правото на заштита и одбрана на сопственоста, семејствата и народот на кој што припаѓаат“, кажа за ЦИВИЛ Медиа, лидерот на Ноќни Волци Македонија.

„Ниту една одлука, на ниту еден политичар дури и во нашата држава никогаш не била предмет на наш коментар. Нашите ставови и мислења како Ноќни Волци од секогаш ги кажуваме со дела, а не со зборови“, додаде Јовановски за Цивил медиа.

Сепак, тврдењето на Јовановски дека Ноќни Волци Македонија не е политичка организација, и дека не изразуваат политички ставови, не ја поминува проверката на фактите.

На пример, „Ноќни волци“ учествуваа на протестите на „Заедничка Македонија“ во 2017, а Ленин Јовановски во моторџиска „униформа“ како „ноќен волк“ учествуваше во политичка дебата по насилството на 27 април, на која коментираше политички одлуки.

YouTube player

Ленин Јовановски, кој отворено ја поддржа Данела Арсовска во нејзината политичка кампања, е постојано активен на својот фејсбук профил каде што го промовира Владимир Путин и ја поддржува руската агресија на Украина уште од 2014 година.

Latest Posts

Не пропуштај