Последни написи

Наумоски: Војната пред 80 години со денешните актери

Септември 1939. Хитлер ја напаѓа Полска. Целиот свет ги осудува неговите постапки, сем две држави со кои има склучено пакт. Во паралелен универзум кај нас:
– Трендо објавува видеа од Хитлер како го строи Химлер – шефот на Гестапо, а овој д’тка пред камери.
– Мојсоска ги исмева Пољаците зашто се надевале дека ќе ги спасат западњаците
– Здравко Савески реторички прашува кај бевте за Судетенланд, аншлусот и Данциг!?
– Димче Апасиев ликува на поделбата на Полска и физичкиот допир на црвената армија со нацистите. Полска е пола црна, пола црвена, како и неговото срце.
– Дексо пушта мапа од светот со зацрвенети Манчурија, Кореја и Сомалија – зашто никој не се буни што овие земји беа окупирани пред некоја година !?
– Борис Каески вика сега Пољаците нека дојде Рокафелер да ги спаси
– Јанко јаде бурек (рисјански) за Рузвелт – овој излапениов инвалид у количка ли ќе ве брани бе Пољаци хахахаха
– Геро пишува колумна како Македонците се чувствуваат предадени од сојузниците. Затоа сега треба Пољаците да трпат.
Ете така би изгледал почетокот на војната пред 80 години со денешните актери кај нас.
ФБ статус

Latest Posts

Не пропуштај