Последни написи

Дичев: Aргументите на Бугарија се слични на Путин

Бугарскиот професор Ивајло Дичев во својата колумна за „Дојче Веле“ на бугарски јазик, прави паралела на руско-украинскиот со бугарско-македонскиот спор за толкувањето на историјата:

„Погледнете ја само нашата уцена кон Северна Македонија. Главните аргументи се всушност сосема слични на оние на Путин. Била држава измислена од Коминтерната, немала идентитет, всушност таму зборувале бугарски јазик. Штом изникнала во одредени историски околности, значи нема реалност – и покрај тоа што ние сме ја признале како држава, исто како што Русија ја признала Украина, отприлика во исто време. Фала богу што немаме сериозна војска, па да одиме да си ја земеме, како што веќе се обидовме“, пишува Дичев.

Бугарските русофили веднаш го извадија нашиот тежок историски комплекс за благодарност пред ослободителите, заборавајќи дека исто толкави ослободители можат да се сметаат и Украинците кои се нападнати денес, пишува бугарскиот професор Ивајло Дичев во својата колумна за „Дојче Веле“ на бугарски јазик.

 

 

 

 

Latest Posts

Не пропуштај