Неколку стотини граѓани, припадници на украинската заедница и нивното здружение во земјава „Лесја Украинка“, но и други поддржувачи, излегоа денес на протест во Скопје, против воената агресија на Путин и Русија во Украина.
„Путин фашист“. „Запрете ја војната“ – беа најчестите пароли на протестот, кој започна на плоштадот Македонија, а заврши пред зградата на руската амбасада.
“Ние сме приморани во 21 век да дојдеме до амбасадата на агресорот за да кажеме дека не е нормално да гинат луѓе само за Путин да остане на власт. Нашата војска е спремна да даде отпор, но пак ќе кажеме, дипломатијата треба да е на прво место. Треба да се реши овој конфликт на дипломатско ниво, да се стопира војната и да има мир. Мир во Украина, мир во Европа, мир на Балканот“, изјави Олександр Урбанович, претседател на здружението на Украинците во Македонија.
Протестот помина мирно и без никакви инциденти, а забележливо беше силно полициско обезбедување.
Протест во Скопје против агресијата на Путин на Украина: “На ред сте утре…”