Последни написи

Сарачини: Да ја спречиме војната да не тропне кај нас утре!

Долго време, многу луѓе предупредуваа за тоа што денес се случува во Украина, и за тоа што може утре да се случи во Македонија. А многу луѓе се потсмеваа(т) и веруваа(т) на жестоката руска пропаганда со која сме бомбардирани со години, отворено преку проруските инсталации, но и суптилно и прикриено, преку некои „прозападни“ и „продемократски“ медиуми, јавни личности, политичари…
Хибридната војна што со години се одвива кај нас во виртуелниот свет, на интернет и социјалните мрежи, утре може лесно да се прелее во реалниот свет.
Време е да престане неказнивоста на говорот на омраза, дезинформациите, оркестрираната пропаганда која поттикнува нетрпеливост и разните хибридни напади што ги водат одредени политички структури и нивните ботовски орди со цел да создадат поделби меѓу луѓето, омраза, насилство, крв…
Иако се доцни многу, никогаш не е доцна, сè дур не стане предоцна. Така најдобро ќе и помогнеме на Украина. Ако се справиме со руските инсталации во Северна Македонија.
Младиќот да каже и повтори, да не биде дека не било кажано и повторено, по не знам кој пат.☝️
Петрит Сарачини

Latest Posts

Не пропуштај