Home / Живот / Заев: Нека ни е честит Свети Климент Охридски, сите да сме здрави, спокојни и мудри

Заев: Нека ни е честит Свети Климент Охридски, сите да сме здрави, спокојни и мудри

Денеска му оддаваме достојна почит на Свети Климент Охридски, за неговото големо црковно, духовно и просветителско дело со кое ги задолжи сите генерации и ни порача дека духовноста, просветлението и просветителството се дадени на секој од нас за станеме подобри луѓе, во подобар свет.

Како што успеа Свети Климент Охридски во мисијата на неговото време, повикани сме и ние да се обидениме и да успееме во надминувањети на предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува како народ и како држава.

Нека ни е честит големиот црковен и државен празник во чест на Свети Климент Охридски. Сите да сме здрави, спокојни и мудри, и да нѐ крепи неговото дело додека ги вградуваме духовните вредности, како темелни вредности на генерации кои ќе градат толерантно и демократско општество за сите.

About admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *