Home / Партии / СДСМ: Одговорност за аферата со незаконските 400.000 евра долг на ВМРО-ДПМНЕ мора да има

СДСМ: Одговорност за аферата со незаконските 400.000 евра долг на ВМРО-ДПМНЕ мора да има

За аферата која изби во јавноста, која покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Сиљаноска и која покажува сомнителни односи со осомничени лица од СЈО не може да се покрие со лаги од белиот дворец.

Што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО за кампањата на ВМРО ДПМНЕ и Сиљановска?

Дали има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Долгот од 400.000 евра за кампањата на Сиљаноска претставува прекршување на изборниот законик и за тоа мора да има одговорност од ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од спорните финансиски извештаи на ВМРО-ДПМНЕ со дупки од 3.5 милиони, 400 илјади евра и слични скандали, финансиските извештаи на СДСМ се кристално чисти и по сите законски норми и прописи.

СДСМ нема долг.

Во Финансискиот извештај за кампањата на Стево Пендаровски јасно стои дека наведената разлика е поради неплатени обврски на Државната изборна комисија кон електронски медиуми, за кои патем самата ДИК дозволила да вршат медиумско платено покривање на претседателските избори, но потоа не ги потпишала асигнациите за плаќање кон електронските медиуми.

Наместо лаги, ВМРО-ДПМНЕ да даде одговор на прашањата и да повика на одговорност во оваа партија на сите кои што се инволвирани во оваа афера.

About admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *