Home / Македонија / СДСМ: На 12 април граѓаните ќе одлучат дали ќе продолжиме да ги градиме европските вредности

СДСМ: На 12 април граѓаните ќе одлучат дали ќе продолжиме да ги градиме европските вредности

Одговор на новинарско прашање, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ

П: Г-ѓа Шекеринска, колку е реална шансата, како што вели Премиерот Заев дека Италија може да лобира, т.е да ја разубедат Франција за почеток, т.е да се предомисли Франција во врска со почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, дали можеби тоа сега во предизборието е само предизборен популизам или се реални таквите шанси, и вчера, би сакала уште еден момент доколку сте во можност, вчера Премиерот коментирајќи истрага којашто се води во врска со една ваша сопартијка, рече дека тој да бил на местото на г-ѓа Ременски би се повлекол, кој е вашиот став, дали Вие би се повлекле од вашата функција, доколку хипотетички се води истрага против вас?

Истата порака дојде од Претседателот на ЕК, од клучните земји членки, од Германија беа многу гласни тие пораки. И тие пораки се обединети во една реченица, а тоа е дека Северна Македонија направи се, ЕУ не испорача тоа што требаше и тоа што вети. Секоја иницијатива во полза на нашиот европски пат е добредојдена. И ние ќе ја поздравиме. Меѓутоа, како што кажа Премиерот сега чекаме тие да испорачаат. Нема да шпекулираме со шанси за успех, нема да шпекулираме затоа што не зависи од нашипот перформанс, туку зависи од нивните внатрешни одлуки каде ја гледаат Европската Унија за 5 или за 10 години. Ние таа одлука не можеме да ја донесеме, но клучната одлука која ние како Влада ќе треба да ја носиме, којашто ќе треба да ја носат граѓаните на 12 Април, е дали сакааат европските вредности кои ги градевме да продолжиме да ги градиме, или ќе се вратиме во мрак и страв. Дали ќе се тгрудиме европските стандарди да ги приближуваме нашите кон нив, или ќе се враќаме во ситуации на затворени медиуми, незаконски прислушкувања и целосна контрола на државата. Тоа зависи од нас, и за тоа сме големи оптимисти. Она што зависи од ЕУ ќе сочекаме тие да го испорачаат а не ние да претпоставуваме кои ќе бидат нивните потези. Мислам дека е тоа по оправдано, земајќи предвид што се случи минатата недела. 

Што се однесува до вашето второ прашање, околу ова ние немавме дилеми, ама за жал околу овие принципи ние немавме партнер од другата страна. Кога излегоа информации околу однесувањето на еден пратеник од нашата пратеничка група, Павле Богоевски, тој излезе и самиот си даде оставка не од функција во Парламентот, туку од мандат во Парламентот. И денеска треба да кажеме дека има разлика. Дека имало луѓе коишто навистина го направиле потезот од етички, морален аспект. Ама денеска забораваме дека Трајко Вељаноски не самошто е пратеник, не само што е под истрага, не самошто има обвиненија дека учествувал во најголемиот злочин за Македонската демкократија, туку тој раководи и собраниски тела. И истото се случува со пола од пратеничкиот состав на ВМРО ДПМНЕ. Нашите ставови како партија ги соопштивме, и јас тие ги споделувам, меѓутоа не може само да се бараат принципи од власта којашто треба да покаже гест, а притоа да се молчи на непринципиелноста и немањето на такви етички и морални стандарди од страна на опозицијата. И прептоставувам дека тоа е еден од аргументите коишто во Собранието многу често се слуша. Како партија, како луѓе, како Влада, покажавме дека не е исто, ама за жал од опозициската страна наместо да покажат дека се промениле, гледаме дека го имаат истиот пакет само со нови маскоти.

About admin

Check Also

Заев: Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи

Заев: Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи

Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи во 2020 година од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *