Home / Партии / СДСМ: Министерството за здравство беше принудено да уништи сомнителен инсулин набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Министерството за здравство беше принудено да уништи сомнителен инсулин набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Откако ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција тврдеше дека власта уништила инсулин вреден еден ипол милион евра со валиден рок на траење, реагираше СДСМ.

„На криминалната ВМРО-ДПМНЕ профитот им беше, и се уште им е на прво место, пред граѓаните, затоа набавувала сомнителен инсулин“, стои во реакцијата на СДСМ.

„Министерството за здравство беше принудено да уништи сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден и пол милион евра како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантиравме квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет.“, се вели во соопштението на СДСМ.

About admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *