Home / Македонија / Премиерот Заев: Голема е разликата меѓу овој повик за вонредни избори и оние што во серија ги правеше Груевски, ние тоа го правиме по редица успеси и одговорно бараме мандат за да продолжиме по исправниот пат

Премиерот Заев: Голема е разликата меѓу овој повик за вонредни избори и оние што во серија ги правеше Груевски, ние тоа го правиме по редица успеси и одговорно бараме мандат за да продолжиме по исправниот пат

Голема е разликата меѓу повикот за вонредни избори кои ги иницирав во оваа 2019 година и серијата вонредни избори што ги иницираше Груевски од 2008 до 2014 година. Со почетокот на идната година ние влегуваме во четвртата година од нашиот мандат, а Груевски тоа го направи уште во втората година, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

„Груевски тоа го направи прв пат во 2008 година после неуспехот на неговата Влада во Букурешт. Ние тоа го правиме после серија успеси. Признаени од целиот свет. Европа ни призна. Заради нивни внатрешни дебати и нерешени прашања не го добивме очекуваниот датум за преговори за пристапување. За неколку месеци ние ќе бидеме полноправна членка на НАТО. Тоа е исполнување на една од двете стратешки цели на државата. Тоа е остварување на една од двете стратешки цели на државата, а прашањето за отворање на преговорите за членство во ЕУ е прашање на време“, додаде премиерот Заев.

Тој додаде дека за две години се остварени достигнувања кои претходно 10 години беа блокирани заради политиките на претходната Влада.

„Ние за две години ги решивме сите отворени билатерални прашања. Остваруваме ефекти од реформите. Нашите анкети велат дека имаме предност од три проценти. Тоа е резултат на мандат кој трае две години и 4 месеци, затоа што ни беа одземени 6 месеци. Сега имаме ликвиден буџет, континуирано покачување на платите секој месец. Минималната плата е зголемена за 60% од висината на минималецот пред првата корекција во 2017 година. Имаме повеќе од 8% раст на приходите во Буџетот. Сето тоа оди во прилог на придобивките од реформите, од сигурноста што ни ја обезбедува сосема извесното членство во НАТО и од нашите интегративните процеси во ЕУ“, истакна премиерот Заев и потенцираше дека за нашето членство во ЕУ нема алтернатива.

About admin

Check Also

Заев: Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи

Заев: Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи

Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи во 2020 година од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *