Home / Македонија / Делегација на Владата на Република Северна Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев по повод државниот празник „23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба“

Делегација на Владата на Република Северна Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев по повод државниот празник „23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба“

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија што ја предводеше заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, придружуван од Стојанче Ангелов, национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод државниот празник „23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.

Венци и букети свежо цвеќе на споменикот на идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев положија и делегации на Претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на политичките партии, на повеќе државни институции, и делегации од дипломатскиот кор во земјата.

About admin

Check Also

Заев: Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи

Заев: Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи

Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи во 2020 година од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *